ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Американска компанија сака да гради фабрика во „Жабени“ крај Битола

Американска компанија за производство на рударска опрема била заинтересирана да гради во зоната „Жабени“ крај Битола. „Независен“ неофицијално дознава дека станува збор за компанија „Jennmar“ со седиште во Питсбург, која произведува рудраска и тунелска опрема од највисок квалитет.

Ако се реализира намерата ова ќе биде втора поголема странска инвестиција после германската фабрика за производство на автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“. Потенцијалниот странски инвеститор како ретко кога ги зближи ставовите на власта и опозицијата во Битола, па и едните и другите гласаа за отстапување на дел од зоната „Жабени“ на државата, бидејќи државата понатаму ќе треба да се грижи за новата зона и да ја подобри носивоста на земјиштето.

Повеќе на Независен.мк