ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Малите краварски фарми незадоволни од средбата со ресорниот министер

Незадоволни и без конкретни одговори си заминаа претставниците на малите краварски фарми од денешната средба во министерството за земјоделство.

Од министерот Хоџа добиле ветување за нова средба за околу еден месец каде ќе се разговара за сите нивни проблеми бидејќи денешната средба била за квалитетот на млекото а не за субвенциите и за цената за кои што теми тие очекуваа повик за средба.

Минатата недела во Битола пелагониските сточари производители на млеко организираа протест а денеска ги повторија своите главни барања за исплата на субвенциите за млекото кои доцнат цела година, намалените откупните цени во време кога сточната храна поскапе и исплата на персоналниот данок за сите оние кои остваруваат приходи до еден милион денар.

Засега сточарите велат дека ќе почекаат на одговори од министерството па допрва ќе одлучуваат дали ќе организираат нови протести.