ПравдаСветот на работникот

АМПЕВА СО ПОРАКА ДО ГАЗДИТЕ: “Ве предупредував дека кога ќе заврши короната ќе немате работници”

Фејсбук статус на Кристина Ампева:

Кога работниците за време на короната ги оставаа на законски и незаконски начин на улица, посебно жените, иако државата даваше помош кон фирмите, кажав дека ќе заврши короната еден ден, а работниците ќе паметат. Ќе вратат. Не бев разбрана сериозно. Сега нема работници. Не ги ценевте со децении, им дававте мизерни плати и никакви услови за работа. Си игравте со човечки судбини, егзистенција и велевте ако не ви се свиѓа , ене ја вратата.
Сега нема работници? Па нели предупредував? Нели ве молев да работиме заеднички, да работиме на добри политики, наспроти немањето на сериозни владини политики , но и се оградите од лошите газди? Некна заклучен тоалет, дел од работодавачите, ми се јавија и велат не било така. Ок, еве лажам. Терајте. Еве кај стасавте.
Пс. Не е дека кај сите работодавачи нема работници. Тие што не беа алчни, нечовечни, со незаконско работење, немаат проблем да најдат работници и ги задржат. Така да не се сите исти. Отиде возот оти мислевте дека ова вечно ќе трае. Кажав дека нема да трае. Синдикалците и партиите потпомогнаа добро за оваа состојба. Социјалните партнери де. А јас сум среќна што можам да работам со општествено одговорните фирми од било кој сектор. Тие се иднината и економијата.