Барање за работа со скратено работно време
Барање за работа со скратено работно време
Согласно Законот за работни односи на работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје, односно работна способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје и работна способност.
Барање за покренување на постапка за добивање на одобрение за работа со скратено работно време може да поднесе работникот или синдикалната организација до работодавачот. Додека барањето за добивање одобрение за работа со скратено работно време го поднесува работодавачот до министерството надлежно за работите од областа на трудот.
Кон барањето за добивање одобрение, работодавачот доставува мислење од здравствена установа која врши дејност медицина на трудот и мислење од инспекција на трудот. Доколку инспекцијата на трудот утврди дека постојат услови, со решение ќе му нареди на работодавачот да покрене постапка за утврдување на скратено работно време.
Тимот на Јуридика
Извор: ФБ страна на Јуридика

