Бидете подготвени за овие 4 НЕКОНВЕНЦИОНАЛНИ ПРАШАЊА ЗА ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА – Еве како
Кога треба подобро да се запознае кандидатот за работа, не се доволни само прашањата од типот: Кажи ми повеќе за себе? Кои се твоите најголеми слабости и твоите силни страни? Подоброто запознавање на кандидатот бара нетрадиционален пристап, вели Џени Роџерсон, главна за човечки ресурси во компанијата за графички дизајн „Канва“.
Канва минатата година добила повеќе од 220,000 апликации за работа, а вработила само 1,000 апликанти, вели Роџерсон.
Ако сте менаџер, забележете: Неконвенционалните прашања за интервју помагаат да се добие поточен поглед во тоа како одредено лице размислува, за што се грижи и како соработува со другите, вели таа.
А, ако барате работа, подгответе се. Овој пристап на интервјуирање служи за да се добие подобра слика за кандидатот, што според Роџерсон, е особено важно во време кога компаниите ги намалуваат барањата за нивото на образование.
Во прилог следуваат четири прашања кои треба да им се поставуваат на кандидатите за работа и како истите да се подготват.
Како опстојувате помеѓу хаосот и јаснотијата?
Прво, вели Роџерсон, ниедно од овие прашања немаат „точен“ или „погрешен“ одговор. Тие се повеќе наменети за да се дознае кој е кандидатот, колку добро ќе ја извршуваат работата и дали се опстојат на работното место.
Пред да ги поставите овие прашања, направете позитивна атмосфера. Бидете транспарентни за вашата кариерна авантура, и имајте во предвид дека луѓето можат секогаш да се вратат на претходните прашања ако имаат нешто да дополнат.
Потоа, започнете да прашувате. Едно од најомилените прашања на Роџерсон кој се базирани на карактерот, може да се одговори на различни начини: на скала од 0 до 100 – 0 е хаосот, а 100 јаснотијата – каде опстојувате?
„Им дава шанса на луѓето да ви кажат каде сакаат да функционираат, што е од голема важност“, вели таа.
Исто така, ова прашање е лесно да се одговори. Сигурно уште веднаш знаете дали сакате да работите на работно место каде што има поголемо раздвиженост или пак каде што е мирно. Едноставно, тоа е искажување на вашето мислење во каква околина најдобро би ја извршувале работата.
Доколку некој се интервјуира за креативна позиција, каде што најчесто ќе времето ќе го поминуваат од хаотична 0 до 50, нема да се вклопат во таа средина ако речат дека сакаат да работат на скала од 75 до 100, вели Роџерсон.
Но тоа не мора да значи дека нема место за нив во вашата организација, додава таа. Некој кој сака јаснотија може да работи на помирно и постабилно работно место во вашата компанија – а со ваквото прашање можете да ги идентификувате и идеалните кандидатите за помирните работни места.
Кој бил твојот најтежок момент во кариерата досега
Не постои лесен начин да се прашања светски стандардното прашање за интервју без да се праша: Наместо некого да прашате за неговите најсилни страни, речете им ментално да ве прошетаат низ нивните најтешки периоди во кариерата досега.
Преку парафразирањето на прашањето кои се вашите најсилни страни, можете да добиете корисен одговор без да треба да се пробивате низ зборовите. „Со тоа, барате различни работи: карактерен тип, отпорност, оптимизам, приспособување“, вели Роџерсон.
Кандидатите најдобро е да се фокусираат на она што го научиле кога им било најтешко. Природно и примамливо е да се фокусирате на негативните работи кога зборувате за тешките времиња, но отпорноста е од есенцијална важно во животот и во работата, затоа „носете си ја дома“.
„Мислам дека (прашањето) доаѓа до коренот на тоа кои се луѓето на брз начин. Им овозможува детално да зборуваат за тоа“, вели Роџерсон. „Секој надминал нешто во својата кариера“.
Кога последен пат си заложил/а за различноста
Поставете директно прашање за да дознаете каква акција презел кандидатот за поголема инклузија на работното место: Кажете ми се времето кога сте се залагале за различноста, или сте презеле чекори за да ја намалите пристрасноста на некои од вашите работни места или во личниот живот?
„Она што го барам со ова прашање е да дознаам каков импакт имало тоа што го направиле? Дали ја смениле својата перцепција? Дали го смениле своето однесување? И дали тоа траело?“, објаснува Роџерсон.
Во таа смисла, тоа симултано е карактерно прашање, бидејќи идентификува за што се грижат најмногу и го мери тоа како му пристапуваат на решавањето на проблемите на работните места.
За вакви прашања, кои се однесуваат на конкретен пример, напоменете им дека имаат повеќе време да размислуваат, вели Роџерсон. Првото нешто што ќе им падне на памет можеби нема да биде доволно, затоа времето е круцијално.
Тоа е поради што сите се залагаат за промени различно – што е важно да се нотира ако се најдете и самите во ситуација да одговарате на вакво прашање.
Не морате да имате покренато петиција или организирано протест. Она што работодавачите навистина сакаат да го видат од ова прашање е дали можете да застанете зад своите верувања кога тие најмногу значат, објасни Роџерсон.
Што е најљубезното нешто што сте го направиле во последните две недели?
За на крај, Роџерсон препорачува прашање кое причинува добро чувство: Што е најљубезното нешто што сте го направиле во последните две недели?
„Прави луѓето да се насмеат бидејќи е многу различно“, вели Роџерсон, додавајќи дека неочекуваната природа на ова прашање „ви дава вистинска перцепција за лицето со кое разговарате“.
Може да ги фати луѓето неспремни – што е добар начин да дознаете повеќе за процесот на размислување на кандидатот.
Исто така мери една многу важна мерка на работното место: истражувањата покажуваат дека работните места имаат бенефит од ненамерната љубезност. Кога на луѓето ќе им се даде љубезност, тие враќаат на ист начин.
Ова е клучно за неконвенционалните интервјуа, вели Роџерсон. Како што собираш информации за кандидатите, во исто време им кажуваш што е најважно во твојата организација.
„Кандидатите ве интервјуираат исто толку колку што ги интервјуирате нив“, вели таа. „Им кажувате многу за вашата култура, и кој сте како личност, преку овие прашања“.
Извор: CNBC
Фото: Freepik

