ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Битиќи: Стапката на вработеност од крајот на 2020 година расте со темпо како и пред пандемијата

Успешните економски политики даваат резултати, вели вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Рамномерен економски развој, грижа за секое едно работно место, помош за оние кои беа најпогодени од пандемијата, предвидливост на среден и долг рок и многу повеќе. Сето тоа придонесува невработеноста за вториот квартал од 2021 година да биде на историски најниско ниво од 15,9%, во споредба со истиот период во 2020 година, и истата биде намалена за 4,8%, вели тој.

Додава дека стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со 1,5 проценти во последните три квартали.