НовостиПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) Петковски: Неформалниот сектор и понатаму предводи по несреќи при работа

   Време за читање 2 минути

По повод 28 април – Меѓународниот ден на безбедност и здравје при работа, Македонското здружение за заштита при работа посади 25 дрва во паркот во Ново Лисиче, во чест на работниците кои погинале на своите работни места. Потоа следуваше прес – конференцијата на претседателот на ова здружение Милан Петковски, во која се осврна на годишниот извештај на здружението за несреќи при работа. 

Во 2020 година според извештајот на МЗЗПР се случиле 152 несреќи при работи. Од нив 25 биле фатални. Така, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 3,14 односно на секои 100,000 вработени загинуваат 3 до 4 вработени. Стапката на смртни случаи при работа е речиси иста во споредба со 2019 година, кога изнесувала 3,13. 

Кога како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2020 година изнесува 15,97, што покажува дека на секои 100,000 вработени, се повредуваат околу 16 вработени. Споредбено со минатата година, кога стапката на повреди при работа изнесувала 19,18, стапката на повреди за 2020 е во благ пад.

Гледано според дејности, најмногу повреди и смртни случаи при работа има во земјоделството и градежништвото, како и преработувачката индустрија.

Првиот ваков извештај, МЗЗПР го објави во 2008 година. Оттогаш, се објавува секоја година по повод овој Светски ден за безбедност и здравје при работа.

Истовремено, продолжува иницијативата покрената од 2018 година за целосна реализација на проектот за создавање на најмалиот парк на светот. За таа цел, оваа година ќе бидат засадени и нови 25 дрвца, а бројот на садници ќе го отслика бројот на загинати на работното место во текот на минатата година.

Во прилог погледнете ја целосната прес – конференција: