МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Ралповски: Дали 400 денари се доволни за да преживеат осиромашените работници?

Како што знаете, секоја година март минималната плата се усогласува по три параметри, а тоа се трошоците за живот, растот на минималната плата и Бруто домашниот производ. Како синдикати, побаравме од функционерите коишто беа присутни на вчерашниот Економско – Социјален совет, оваа година, затоа што се прави измена во Законот за минимална плата секоја година и тоа мора да помине низ Собрание, да не се земе третиот параметар – БДП -то, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски на денешната прес – конференција.

Според него, Бруто домашниот производ не треба да се земе во предвид при пресметка на минималната плата, бидејќи истиот, поради кризата предизвикана од Ковид – 19, беше во минус.

„Побаравме државата да покаже солидарност кон работниците за да минималната плата достигне некое ниво, за да работниците имаат пари да ги задоволат основните потреби. Од страна на Вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска бевме одбиени во ова наше барање, по што ни беше укажано дека ќе работат само согласно законот за минимална плата и дека мора сите три параметри да бидат поставени во усогласувањето на минималната плата“, рече Ралповски. 

Тој посочи дека четири години не се почитува членот 8 од Законот за минимална плата, со кој треба да се усогласи минималната плата со Колективните договори, којшто наложува дека тие треба да се усоглсат со минималната плата во рок од шест месеци по стапувањето во сила на законот, додека ставот два од истиот член вели дека одредбите од Колективните договори со кои нема да се усогласат одредбите минималната плата во рок од шест месеци, престануваат да важат.

Ралповски нагласи дека поради тоа што не се спроведува членот 8 од Законот за минимална плата, во јавниот сектор, занимањата помлад референт, референт и виш референт имаат порамнување на платите, што според него не е дозволиво. 

 

Тој истакна дека популистички се најавува дека ќе има раст на минималната плата, а од друга страна таа ќе порасне само за 400 денари, па оттаму праша – Дали овие 400 денари се доволни за осиромашениот работник.

Потенцираше дека минималната плата треба да се усогласи со колективните договори. Побара и средба со надлежните органи. Во случај да не се оствари средбата, рече дека КСС е подготвена да преземе радикални синдикални мерки.

КСС бара минималната плата да се зголеми на 16,000 денари. 

Бобан Илијевски