Вести

Висина на износот на правото на социјална сигурност за стари лица

Висина на износот на правото на социјална сигурност за стари лица
Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица изнесува 6.000 денари. Износот на висината на овој надоместок се усогласува согласно со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од страна на Државниот завод за статистика во јануари во тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на правото на социјална сигурност за старите лица.
Корисникот на правото на социјална сигурност за старите лица, има право на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март. Ваквиот надомест изнесува 1.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството.
Овој паричен додаток ќе може да се оствари само во случај кога корисникот е член на домаќинство кое не го користи овој додаток согласно со Законот за социјалната заштита.
Тимот на Јуридика