ЕкономијаМакедонија

Висина на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа – втор дел

Висина на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа – втор дел

Висината на паричната помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа изнесува 4.000 денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година кои ги објавува Државниот завод за статистика (во јануари за тековната година). Доколку детето е на редовно школување, висината на паричната помош изнесува 5.600 денари.

По навршување на 18 години, овие лица доколку се по прв пат запишани на студиска година од прв и втор циклус на студии како редовенни или вонредни студенти на јавните високообразовни установи, имаат право на парична помош за студирање во висина од 9.000 денари месечно во случај кога под закуп користат социјален стан. Доколку не користат социјален стан под закуп, тогаш помошта изнесува 18.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната годинакои ги објавува Државниот завод за статистика во јануари за тековната година.

Доколку лицето ја повтори студиската година, правото на парична помош за студирање му мирува сè до запишување на следната студиска година по прв пат. Лице кое е запишано на трет циклус докторски студии има право на парична помош за студирање за времетраењето на докторските студии на јавните високообразовни установи, но најмногу до пет години од датумот на запишувањето.

Тимот на Јуридика