Владата да обезбеди услови, а бизнисмените да се фатат за работа
Бизнисот во овие ковид услови оди лошо. Во глобални услови економијата е падната на ниско ниво. Транспортот за Русија оди тешко и за разлика од 2019 година намален е за 75%. Не е изработена ни четвртина од тоа што требаше да биде изработено, изјави во Утрински брифинг Тони Ацевски, професионален возач на камиони и сопственик на транспортната фирма „Тони Транс“ од Скопје.
Проблемите се обострани. Се однесува на цените на продуктите. Се уште држиме средни цени кога се работи за извоз. На светските берзи цената на нафтата се менува, рубљата поскапе и не им е баш погодена цената да купуваат, па затоа и нашите продукти им доаѓаат многу поскапи од тоа што се, вели Ацевски.
Повеќе на Слободен Печат

