ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Во кој сектор има најмногу слободни работни места

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2022 година, стапката на слободни
работни места изнесува 1.58 %.
Највисока стапка на слободни работни места од 4.42 % има секторот О – Други услужни дејности, додека најмала
е стапката во секторите Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Љ – Јавна управа и
одбрана; задолжително социјално осигурување, во кои изнесува 0.22 %. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.04 %.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.83 %.
Најголем број на слободни работни места, односно 2 943, има во петтата група на занимања – Работници во услужни
дејности и продажба.
Фото: Freepik