МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Во Охрид технички пероснал без лиценца згрижувал деца,90 % од вработените се во штрајк – Во Струмица и Велес штрајкот е во полн ек

Во регион Велес на првиот ден од штрајкот речиси сите училишта и градинки влегле во штрајк, со исклучок на една градинка во Лозово, каде што има 9 вработени и градинка во Чашка, каде што под притисок на надворешни сили, вработените биле принудени да го прекинат штрајкот. Ова за портал Работник го изјави Претседателот на Регионалниот Одбор Велес, Перо Јордановски.

„Еве и денеска сите се во штрајк, од градинки до средни училишта. Првиот ден градинка во Велес донесоа две вработени преку агенцијаи примија 38 ученици, но сите други колеги се во штрајк“, рече Јордановски.

Инаку, регионот Велес ги опфаќа општините: Велес, Градско, Чашка, Лозово и Свети Николе.

Сите овие општини се во штрајк и истиот станува поинтензивен.

Во регион Струмица се штрајкува во сите установи, вработените се на работните места, а деца во училиштата нема. Во градинките поголемиот дел од вработените штрајкуваат. Само две градинки примаат деца, истакна Претседателот на регионот Струмица, Никола Џорлев.

Тој истакна дека и училиште во кое нема синдикална организација, вработените се приклучиле на штрајкот уште првиот ден.

Во овој регион штрајкот бил масовен уште од првиот ден, а опструкции нема.

Регионот Струмица ги опфаќа општините: Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш и Конче.

Генералниот штрајк во регион Охрид започна во најдобар ред. Над 90 % од просветните работници штрајкуваат, од кои 95 % се наставници, а има и училишта каде што техничкиот персонал не дава поддршка, изјави Претседателката на Регионалниот одбор на СОНК, Охрид, Катерина Крстеска.

Истакна дека не се вклучени оние работници чиј работен однос не е трансформиран од определено на неопределено работно време. Сепак, има голем број на училишта во градот Охрид коишто штрајкуваат сто процентно.

Во училиштата, на почетокот имало мали несогласувања за системстски прегледи, но истите биле решени без проблем преку разговор помеѓу претседателите на синдикалните организации и директорите.

Што се однесува до градинките, 60 % од вработените кои се во работен однос штрајкуваат, а 40 % работат, од коишто 65 % се воспитни тимови, негуаватели, воспитувачки, а не штрајкува техничко – административната служба.

Крстеска посочи дека денеска се соочила со проблем. Во некои од градинките техничкиот пероснал, кој нема дозвола за тоа, згрижува и храни деца. Таа реагирала кај директорката на таа градинка која рекла дека ќе продолжи да згрижува, а за протоколите и се останато ќе разговарале кога ќе заврши штрајкот. Крстеска рече дека добила од закана од неа дека ќе ѝ се одмазди за нејзината реакција.

Таа рече дека неколку вработени се приклучиле кон штрајкот, но потоа решиле да го прекинат, поради притисок.

Регионот Охрид ги опфаќа Општина Охрид и Општина Дебарца.

Во Регион Кочани штрајкуваат сите училишта и градинки, освен градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани, каде што мал број на воспитувачи примаат деца, изјави Стојко Рамов, Претседател на РО на СОНК Кочани.

Додаде дека тие коишто примаат деца се на договор на определено работно време.

 

Фото: Фејсбук страна на ОУ „Кирил и Методиј“ Свети Николе

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk