ПравдаСветот на работникот

Во Сингапур 10,000 нови заразени, од кои половина се мигрантски работници

Сингапурското министерство за здравство денеска потврдило 1,016 случаи на заразени со корона вирусот, поради што вкупниот број на заразени се зголемил на 10,141, од кои повеќето се странски работници во работничките населби.

Министерството за здравство рекло дека поголемиот дел од нивните случаи забележани се помеѓу мигрантските работници кои живеат во работнички домови, група која брои повеќе од три четвртини на заразени во тој град – држава.

Речиси сите случаи кои се пријавени во текот на април се однесуваат на работничките домови, населби во кои живеат 200,000 од вкупно 1,4 милиони странски работници.