ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Во 2021 година стапка на невработеност од 15,7 проценти

Стапка на невработеност во 2021 година од 15,7 проценти, измери Државниот завод за статистика. Во 2020 година невработеноста изнесуваше 16,4 проценти.

На крајот на минатата невработени биле 147.917 лица.

Активното население изнесува 943.004 лица, од кои вработени се 795.087.

Со тоа стапката на активност е 56 проценти, што е намалување во однос на годината пред тоа за 0,4 проценти, додека стапката на вработеност е 47,2 процента.