Вработените во Универзална сала и Центарот за култура во Гостивар два месеци немаат земено плата – СОНК предупреди дека ќе преземе синдикални дејствија
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Додека институциите си ги префрлаат надлежностите, Ј.У. Универзална сала – Скопје и Н.У. Центар за култура “АСНОМ”- Гостивар, немаат земено плата за месец мај и јуни. Останати се и без здравствено осигурување за овие месеци.
СОНК апелира до директорите на споменатите институции од културата, министерството за култура, министерството за финансии и општините Скопје и Гостивар да не си ги префрлаат надлежностите и да ги почитуваат Одлуките на Управните одбори, со што се поништува претходното решение на директорот.
Воедно, ја повикуваме и трудовата инспекција да постапи, да констатира и да задолжи исплаќање на заостанатите плати и придонеси на плата.
Во овој период од годината, период на годишни одмори кога би требало да се оди на одмор, овие работници остануваат три месеци без плата и здравствено осигурување, гладни и жедни на 40°С под сенка.
СОНК жестоко реагира и бара од надлежните во институциите итно решавање на ваквата ситуација.
Во спротивно, ќе бидеме приморани да организираме синдикални дејствија со кој ќе извршиме притисок за што поитно решавање на проблемот.


