Враќање на нивото на БДП како тоа пред кризата до 2023 година, предвидува Светска банка
„Поради Kовид-19, се предвидува темпото на закрепнување во 2021 година да биде побавно отколку што првично се очекуваше. Сега се очекува дека во 2022 година, ефектите од пандемијата постепено ќе ослабат и заздравувањето на трговијата и инвестициите ќе добие на интензитет. Сепак, овие изгледи се уште се многу неизвесни, а растот може да биде послаб од предвидениот ако пандемијата трае подолго од предвиденото…“, се вели во извештајот на Светска банка (СБ) објавен на 6 јануари.
До 2023 година, нивото на БДП на Македонија може да се врати на нивото пред кризата, бидејќи минатата година имаше пад од 5,1 процент, додека годинава се очекува раст од 3,6, а следната година за 3,5 проценти.
Светска банка процени дека црногорската економија има реален пад од 14,9 проценти во 2020 година и дека оваа година може да има раст од 6,1 процент, а во 2022 година раст од 3,9 проценти. Поради минатогодишниот пад, бруто домашниот производ (БДП) сега има пониска основа и ќе мора да порасне за 20 проценти за да се достигне номиналната сума од 2019 година.
Според проекциите за раст од извештајот на СБ, ова може да се случи само во 2025 година.
Според проекциите на Светска банка, најбрзо закрепнување ќе има Србија, чија економија лани падна за два проценти, додека во 2021 година се предвидува раст од 3,1 процент, што математички би имала БДП на ниво од 2019 година оваа година.
Економијата на Хрватска, која исто така е во голема мера зависна од туризмот како и Црна Гора, минатата година падна за 8,6 проценти, се вели во извештајот. Светска банка очекува дека економијата на оваа земја ќе има раст од 5,4 проценти оваа година, и 4,2 проценти следната година, што би се вратило на нивото од 2019 година.
Според проекциите, економијата на Албанија, која минатата година имаше пад од 6,7 проценти, би се опоравила за две години, бидејќи годинава се очекува раст од 5,1 процент, а следната година 4,4 проценти.
На Косово ќе му требаат три години за номинално закрепнување, бидејќи минатата година имаше економски пад од 8,8 проценти, додека годинава се очекува раст од 3,7 проценти, а следната година за 4,9 проценти.
Светска банка потсетува дека оние земји чии економии се во голема мера зависни од услугите и туризмот, како и оние со силни трговски или финансиски врски со еврозоната, се најтешко погодени од пандемијата, додека економиите базирани на производство и земјоделство ќе закрепнат помалку.
Растот може да биде послаб
Во новиот извештај, Светска банка очекува дека економското закрепнување ќе трае подолго отколку во предвидувањата објавени во јуни минатата година.

