Вести

Еве како да ги опишете вашите меки вештини во CV -то – Совети од експерти за кариера

Подготвил: Бобан Илијевски

Компаниите се повеќе и повеќе бараат идните нивни вработени да поседуваат меки вештини. CNBC пишува дека се зголемува бројот на работодавачи кои истите ги вклучуваат во барањата во огласите за работа.

Имено, според CNBC, во повеќе од 6 милиони огласи за работа се барале комуникациски вештини, во 5,5 милиони се барала вештината услуга на клиенти и во 5 милиони се барало кандидатите да го поседуваат закажувањето како вештина. Инаку, податоците се од веб страната за вработување ZipRecruiter и се од мај оваа година.

И без да погледнеме одреден оглас за работа, можеме да замислиме дека секое работно место ќе бара одредени меки вештини: тимска работа, комуникација, решавање на проблеми, менаџирање на време, вели Горик Нг, Советник за кариера на Харвард и автор на „Неизговорените правила.“

Доколку барате работа, вашето CV е навистина многу важна платформа преку која треба да ги опишете овие вештини, вели Октавиа Гордема, советник за кариера и автор на „Prep Push, Pivot.“

Еве како да ги илустрирате вашите меки вештини во CV -то според експертите за кариера.
Употребете дексриптивни наслови

Анатомијата на биографијата прикажува повеќе аспекти. Еден од нив е големиот број на улоги под секцијата „искуство“. Тука имате можност да ги опишете некои од вашите меки вештини.

Тука клучот е да бидете реални, но исто така и дескриптивни, вели Нг.

Постои голема разлика помеѓу тоа да се нарекувам приправник и приправник за социјални медиуми, вели тој давајќи примери. – Постои голема разлика помеѓу тоа да се нарекувам аналитичар и проектен менаџер. Се разбира, доколку сум го работел тоа. Постои разлика помеѓу тоа да се нарекувам себеси менаџер и менаџер за комуникации, додаде тој.

Секоја од овие улоги илустрира пособен аспект на работата кој докажува дека имате соодветно искуство. „Само еден збор, како на пр. ‘комуникации’ или ‘социјални медиуми’ или ‘проект’ или ‘продукт’ или ‘оддел’ може да им даде на луѓето ментална слика за што ве бидува“, вели тој.
Сетете се на вашето работно искуство за секоја улога која ја опишувате и земете во предвид еден или два дополнителни збора кои го опишуваат она што сте го работеле и она што можете да го сработите.
Потточките можат да дадат примери за вашите вештини

Уште една алатка која може да се искористи за да се илустрираат меките вештини е ставањето на потточки под секоја работна позиција, преку кои ќе може да се дадат примери за тоа што сте постигнале. Секоја потточка може да зборува за одредена мека вештина која работодавачот ја споменал во огласот за работа или пак за мека вештина која сметате дека е релевантна за позицијата.

Земете ги во предвид вашите достигнувања на претходните работни позции, а потоа, кога ќе ги пишувате, „користете ударни глаголи, именки и броеви“, вели Нг.

На пример, сакате да ги наведете вашите комуникациски вештини и вашите вештини за оптимизација на интерент содржина. Во едната потточка може да стои: „Правев презентација пред 30 наши клиенти преку која ги опишував ефективните начини за користење на клучните зборови, што резултираше со 30 % зголемување на сообраќајот на секоја од нивните веб страни“.

Потточката служи за обележување на импресивните достигнувања. Бидејќи потребни се силни комуникациски вештини за да се направи добра презентација и со тоа што истата била успешна, а доказ за тоа е зголемувањето на сообраќајот на веб страните на клиентите, докоажувате дека сте добар комуникатор.

Каков јазик користите за да разговарате за работа?

Кога станува збор за комуникацијата, начинот на кој е напишана вашата цела биографија може да даде добар увид во тоа дека сте добар комуникатор. „Сакате да бидете што е можно поконкретни и повлијателни“, вели Гордема.

Каков јазик користите за да зборувате за работа? Дали се повторуваат зборовите? Дали е монотон? Дали има долги реченици? Добро погледнете како ја оживувавате вашата кариера на хартија и како го комуницирате она што го правите најдобро, вели таа.

Биографија со силни примери од претходните работни позиции, без прекумерно користење на зборови, може да му покаже на потенцијалниот работодавач дека, на крајот од денот, ги владеете вашите вештини за пишување, кои се од голема важност во секојдневната комуникација.