Градоначалникот Марин и администрацијата даруваа крв
Време за читање помалку од минута
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со вработените, како и голем број граѓани се приклучија кон денешната крводарителска акција во организација на Црвен крст ‒ Кисела Вода.
Акцијата беше спроведена под мотото „Дарувај крв ‒ спаси живот“ што веќе неколку години се организира во просториите на Општина Аеродром.
„Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните“, изјави градоначалникот Марин и им се заблагодари на сите граѓани што даруваа крв и беа дел од оваа хумана акција.
Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи да поддржува крводарителски акции со кои се спасуваат животи, но и се праќа порака за хуманост.
Latest posts by Портал Работник (see all)
- Штрајк во „Аустриан ерлајнс“, се откажуваат летови од Скопје - 28/03/2024
- ТРИ СЕКТОРИ ЌЕ ИМААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД 35 ЧАСА Платите нема да се намалат, ама ќе се зголеми продуктивноста и бројот на работници - 28/03/2024
- МИНИМАЛНИ СААТНИЦИ ВО РАЗЛИЧНИ ИНДУСТРИИ ВО ГЕРМАНИЈА: Овие саатници важат во 2024 година - 28/03/2024