Дали би се менувале со нив? На овие работници им треба јакна, иако надвор пеколно жешко
Постои место кое повремено, во вакви денови пропратени со високи температури, на сите ни изгледа како идеално.
Редакцијата на РТС проверила како изгледа кога на 35 степени, работното место е во фрижидер.
Од 33 степени надвор, екипата влегла во фрижидер каде е четири степени. Таму биле 20 минути. Првите 10 минути, како што велат, навистина им пријало разладувањето, но тоа станало студено.
Додека поголемиот дел на жителите на Белград се „топат“ на тропските температури, вработените во фрижидерот работат на температура од 4 степени. На прашањето како се чувствува кога ќе излезе надвор, Александар Кузмановиќ рекол: „никако, пот, жештина“.
Не смееме веднаш на сонце, бидејќи можеме да паднеме во несвест, поради разликите овде и надвор. Чекаме да поминат неки пет, десет минути и потоа одиме, раскажала Санела Симониќ.
Работниците во комората не би требало да бидат повеќе од два часа. Затоа се прават паузи од пола час, па потоа повторно влегуваат внатре. „Само јакни се потребни, никаква друга опрема“, додала работничката.
Сепак, велат, може да се издржи на работа на толку ниски температури. Во фрижидерот е најубаво на лето, макар што и на зима им одговора, бидејќи често е потопло до надвор.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

