Вести

Дали вложувате во обуки за вработените?

Континуирана едукација на вработените е составен дел на секоја фирма и ги опремува вработените со вештини потребни за извршување на работата. Секоја организација инвестира во обуки и програми за едукација на своите вработени кои потоа ги применуваат научените вештини за подобри резултати. Повеќето организации/фирми ја сметаат обуката како трошок, кога тоа всушност е инвестиција.

Компаниите трошат многу пари и време за регрутирање и вработување на соодветен персонал, но за жал застануваат тука.

Вие можете да ги  имате најдобрите вработени, најголемите умови но доколку застанете тука, со само нивно вработување всушност не сте направиле ништо добро за вашата компанија.

Како лидери и менаџери, вие сте одговорни за успехот на вашата организација и за развивањето на вашите луѓе за да се зголемат вашите шанси за успех. За секоја организација, луѓето се една од најголемите инвестиции и треба секогаш позитивно да се поттикнува нивниот кариерен и персонален развој.

Извор: Кариера