Два неработни дена за сите граѓани остануваат до крајот на оваа година
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година до крајот на оваа 2025.та година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
• 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ
• 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ
• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

