Денеска последни преговори меѓу МОН и СОНК
Денеска во 18 часот преку ЗУМ ќе се одржи последната средба помеѓу МОН и СОНК, информираше Претседателот на СОНК Јаким Неделков преку фејсбук статус.
Додаде дека по завршувањето на истата, јавноста ќе биде информирана преку соопштение за исходот од средбата.

