Денеска со температури до 25 степени, за викендот и сонце и дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Денеска и за време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи.
Од вторник повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

