СПМ оствари работна средба со Директорот на бирото за јавна безбедност Александар Јанев
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:
На 16.04.2026 година, Претседателот на Синдикат на полиција во Македонија Орце Коцевски и членот на Претседателството на СПМ Љупчо Маркоски остварија работна средба со Директорот на бирото за јавна безбедност г-дин Александар Јанев
Најнапред мора да се изрази задоволство од заедничкиот став на СПМ и Директорот г-дин Јанев во однос на враќање на достоинството на полицаецот и заложбите на двете страни за повисоко ниво на професионализам во сите аспекти на работењето и функцијата на БЈБ.
Заклучокот е тоа што овие два аспекти мора да бидат императив во понатамошната работа, како што и самиот Директор нагласи дека целосно се залага на дигитализација во поглед на работењето на припадниците на БЈБ, што едногласно е заклучено дека ја има нашата целосна поддршка како Синдикат во поглед на наведената имплементација.
Директорот изнесе неколку издржани предлог-решенија кои радикално би ја промениле целокупната состојба и од кои ќе произлезат и придобивки, како за БЈБ, така и во однос на уште повисоко ниво на професионализам кај вработените и со кои сметаме дека ќе се постигне објективна доверба и од јавноста и од вработените.
Беа презентирани и добиена поддршка за имплементација и решавање на следните неколку прашања во интерес на работниците во БЈБ/МВР:
•Започнување постапка за измени на членовите 382 и 383 од Кривичниот законик,
•Достојно почитување на членовите 31 и 31а од Законот за полиција во поглед на одземањето на оружје на ПС,
•Доделување на посебно признание на бранителите од 2001 година,
•Решавање на проблемот со превоз,
•Дупло водење на евиденцијата во ПС и ОКП,
•Покренување на неосновани дисциплински постапки од страна на раководителите,
•Решавање на проблемот со одземените возила и нивното чување пред СВР/ОВР.
•Посебен осврт и акцент се даде на почитувањето презумцијата на невиност на полициските службеници опфатени во постапки пред надлежните институции
•Обуките, каде посебен акцент им се дава со новиот ЗВР за сите полициски службеници со цел подобрување и надоградување на секој работник.
Како краен заклучок изразуваме подршка на најавената ригорозност и бескрупулозна борба против негативните и криминалните појави во државата која ја најави Директорот на БЈБ на овој состанок, ги подржуваме во целост неговите напори и заложби за враќање на достоинството, професионализмот и интегритетот на работниците во БЈБ што воедно е и основа на функцијата на СПМ, но исто така изразивме став во кој најавивме дека цврсто стоиме на страната на работникот и дека и во иднина, како и досега, приоритет на СПМ се правата и подобрувањето на економско-социјалниот статус на работниците во МВР.

