Депониите ли ќе ги чистат новите 26 административци што ќе ги прими Градот Скопје?
Пред извесно време жестоко критикуван, брзо демантираше – но сега се покажа дека не ја зборувал вистината: градоначалникот на Скопје Петре Шилегов сепак вработува нови административци. СЕ работи за вкупно 26 работни места. Огласот е објавен вчера, а платата на овие луѓе ќе се движи од 22 до 35 илјади денари.
Кога излегоа претходните информации дека Скопје ќе прими дополнителни над 100 вработени, Шилегов тогаш рече дека тоа е само план, и не значело дека ќе бидат примени.
-Наместо да ја полни градската администрација предизборно и да прави популизам преку предлозите за менување на улиците, немаше да е лошо да се позанимава со загадениот водух…
-Нели ќе ја кратевте администрацијата, наместо да ја полните?
-Новите 26 вработени ќе ги чистат депониите, така? Очигледно бидејќи е нејасно за што требаат луѓео.
Во најголем дел од коментарите скопјани му замеруваат на Шилегов заради вдомувањето на партиски кадри.
-Во опозиција ветуваше дека ова нема да се случи, но сосема спротивното го прави, ја урниса довербата на скојпани!

