ДИГИТАЛНАТА ТРАНЗИЦИЈА ЌЕ ПРИДОНЕСЕ КОН ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ? – Еве што вели експертот за пазар на труд
Од недостигот на работна сила, преку како државата и компаниите да се справат со овој предизвик, па се до влијанието на Гиг – економијата врз формалната и намалувањето на работното време и воведувањето на четиридневна работна недела. На овие прашања во денешното мултимедијално интервју разговараме со Универзитетскиот професор од Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Димитар Николоски.
Од мое лично искуство, најголемиот дел од компаниите во Македонија немаат стратегија за вложувањето во човековите ресурси. Оние коишто имаат вакви стратегии, се бројат на прсти, вели Николоски.
За да привлече нови работници, според него, една компанија мора да води грижа за своите вработени преку доследна примена на сите работнички права.
Работник: Веќе подолги години актуелен е проблемот со недостиг на работна сила кој не е присутен само во Македонија, туку и во целиот свет. Но кога зборуваме за Македонија, според сите кажувања на бизнис секторот овој проблем постојано се продлабочува. Според Вас, кои се најголемите причини поради кои ни недостига работна сила во Македонија?
Работник: Како креаторите на политики можат да му помогнат на бизнис секторот во надминување на проблемот со недостиг на работна сила?
Работник: Од друга страна, што би требало самиот бизнис сектор да преземе за да си помогне во решавањето на овој проблем?
Работник: Гиг економијата, во која спаѓаат и дигиталните платформи кои овозможуваат, на пример, еден работник од Македонија да работи за компанија во Западна Европа од дома, зема сѐ поголем замав. Како гледате на влијанието коешто Гиг економијата го има врз формалната економија?
Работник: Би сакал да Ве прашам за нешто што е доста актуелно во последниве години, а тоа се воведувањето на четиридневната работна недела и скратувањето на работното време. Кое е Вашето размислување за овие модели и колку, според Вас, се применливи во Македонија?
Работник: Дали може и кај нас, за почеток, да се воведе белгискиот модел на четиридневна работна недела кој предвидува работниците да бидат на работа по 10 часа, четири дена во неделата, што вкупно доаѓа 40 часа?

