Skip to content
Работник

  • Синдикат
    • Македонија
    • Свет
  • Економија
    • Македонија
    • Свет
  • Светот на работникот
  • Правда
  • Колумни
  • Интервјуа
  • Занимливости
  • Вести
Димитриевски - Работник
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Димитриевски: Во преговори сме за проширување на производствениот погон Дрекслер Маер со вработувања над 2000 луѓе

14/12/2021 Редакција

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и германската амбасадорка Анке Гизеле Холштајн, вчера, по работната средба го посетија производниот капацитет на компанијата од автомобилска индустрија „DRÄXLMAIER group“ во индустриската зона Новини и Речица.

Во изјава за медиуми, Димитриевски информираше дека како општина се во преговори со менаџментот на оваа компанија за отворање на дополнителен капацитет во којшто би имале можност во следниот период од две години да се вработат повеќе од 2000 сограѓани.

Приоритет за општина Куманово, но и мене како градоначалник е да се развива локалната економија и да се дадат еднакви можности за инвестиција како на странските, така и на натамошните инвеститори. Со амбасадорката разговаравме на повеќе отворени теми. Напрвин, соработката на општина Куманово со амбасадата е на исклучително високо ниво. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам и на амбасадорката, но и на претставници на амбасадата и секако на граѓаните на Германија за последната донација којашто ја добивме во време на корона кризата на нашата градска болница. Денеска потврдивме дека таа соработка ќе продолжи. Општина Куманово е секогаш отворена за соработка со сите амбасади, но, особено ни е драго што со германската амбасада имаме едно високо ниво на разбирање и соработка. Разговаравме на поголем број теми и за нас приоритет е локалниот економски развој и развојот на економијата во градот и нашата индустриска зона Новини и Речица“, рече Димитриевски.

Фото: Општина Куманово
 
  • Слободенпечат.мк: Работниците треба да земат најмалку 11.477 денари, но има и исклучоци
  • Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува – плата: 83,200 денари

Можеби ќе ви се допадне

Неделков: Самите училишта да одредат каква настава ќе спроведуваат

16/08/2020 Редакција

(ФОТО) Мини протест против поскапувањето на струјата во Прилеп

15/08/2020 Редакција

Лазаров: Со криење на податоци, не може да се сокрие неспособноста!

15/08/2020 Редакција

НОВОСТИ

СПМ
МакедонијаСиндикат

СПМ: УПАТСТВОТО ЗА РАБОТА ВО СМЕНИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА

07/08/2026 Редакција

УПАТСТВОТО ЗА РАБОТА ВО СМЕНИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА (СПМ) го информира своето членство дека

РЕКОРДНА ПОЛУГОДИШНА ТРГОВИЈА – Над 10 милијарди евра размена со светот, извозот расте побрзо од увозот
ЕкономијаМакедонија

РЕКОРДНА ПОЛУГОДИШНА ТРГОВИЈА – Над 10 милијарди евра размена со светот, извозот расте побрзо од увозот

06/08/2026 Редакција
Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензините, дизелот повторно поскапува
ЕкономијаМакедонија

Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензините, дизелот повторно поскапува

05/08/2026 Редакција

Главен и одговорен уредник:
Бобан Илијевски

E-mail редакција:
info@rabotnik.com.mk
rabotnik.mkd@gmail.com

E-mail Маркетинг:
contact@rabotnik.com.mk

* Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Импресум

  • За нас
  • Вести
  • Контакт
  • Рекламен простор

Најнови

  • СПМ: УПАТСТВОТО ЗА РАБОТА ВО СМЕНИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА
  • РЕКОРДНА ПОЛУГОДИШНА ТРГОВИЈА – Над 10 милијарди евра размена со светот, извозот расте побрзо од увозот
  • Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензините, дизелот повторно поскапува

Следете нè!

Copyright © 2026 Работник. All rights reserved.
Theme: ColorMag by ThemeGrill. Powered by WordPress.