ЕБР одбележува 23 години од своето формирање
Денес, Единицата за брзо распоредување- ЕБР одбележува 23 години од своето формирање. Повеќе од 2 децении во првите редови за зачувување на мирот, уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија![]()
![]()
Веруваме и посакуваме во иднина овој важен датум и белег за Министерството за внатрешни работи, да продолжи се одбележува достоинствено како што прилега за една ваква елитна единица.
И ТРЕБА ДА БИДЕ ТАКА![]()
Веруваме дека во иднина припадниците на ЕБР и сите вработени во Полицијата ќе бидат ослободени од политичките влијанија и притисоци кои надвисиле во моментумот за истите да бидат соодветно почитувани, соодветно платени и наградувани за својата работа а притоа обврските да ги извршуваат во соодветни услови и со уште подобра и поквалитетна опрема. За професионализацијата веруваме дека ова раководство на МВР тоа ќе го реши…
ЕБР да биде Единица за пример, единица со авторитет и интегритет. Тоа им го должиме на СИТЕ.
Почитувани колеги од ЕБР нека Ви е ЧЕСТИТ денешниот јубилеј![]()
СЛАВА И ПОЧИТ НА ХЕРОИТЕ КОИ ГО ДАДОА ЖИВОТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА![]()
“Смртта не постои, луѓето умираат тогаш кога сите ќе ги заборават” – МАКЕДОНИЈА
не смее да заборави![]()
![]()
![]()
ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИТЕ ![]()
![]()
Со почит,
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ
СЕКОГАШ ![]()
СЕКАДЕ ![]()

