Еве неколку идеи како да направите работен простор во вашиот дом, доколку работите од дома
Подготвил: Бобан Илијевски
Како што делта сојот се шири во Америка, така и компаниите ги менуваат своите планови за враќање на работа. По се изгледа дека масовната работа од дома ќе потрае.
Кризната 2020 година донела многу промени, а тие се забележуваат и на пазарот на трудот. Се менува концептот на работа, на вработените им се овозможува поголема флексибилност и има се повеќе огласи во кои се нуди работа од дома на полно работно време.
Короната очигледно зема замав, се појавуваат нови соеви, а тоа директно влијае на одлуките на директорите ширум светот. Најголемите технолошки компании планирале да се вратат до есен на работа, но…
Овие планови, по се изгледа ќе мораат да бидат одложени. Од друга страна, на вработените одамна им се „заслади“ работата од дома.
Поголемиот дел од работниците се на ставот дека ваквиот вид на работа треба да биде трајна пракса и кога пандемијата ќе заврши, кај оние работници кои можат да работат од далечина, односно на оние кои природата на работата тоа им го дозволува.
Како клучна предност на работата од далечина се истакнува тоа што вработените ќе можат полесно да се организираат, особено мајките кои мораат да работат, но и да се грижат за домот и децата.
View this post on Instagram
Некаде од пролетта 2020 година започна експанзијата на работата од далечина, а кога работниците ширум планетата веќе „се снашле во овој нов свет“, тогаш започнале да се нижат идеи за куќни канцеларии. Сепак, некои од нив се нашле во „небрано грозје“.
Замерките за работата од далечина најчесто се однесувале на тоа дека живеат во мал простор или дека им сметале членовите на семејството, што посебно било случај во текот на карантин. Во сето тоа улога одиграл и психолошкиот момент: на работниците им бил потребен поттик, за да се почувствуваат како во канцеларија, а не да работат на трпезариската маса.
View this post on Instagram
Во постовите над и текстот и под текстот, можете да видите некои од најкреативните идеи. На Инстаграм можете да најдете многу решенија, било да работите во кујна или во спалната соба.
View this post on Instagram
Промените, секако, не мораат да бидат големи. Некогаш е доволно да се постават мали прегради, да се купи нова опрема, да се обремени просторот со цвеќиња. Да речеме, докажано е дека одредени цветови влијаат на зголемувањето на продуктивноста кај луѓето, особено оние нај миризливите.
Сите предложени идеи кои ги гледате се засноваат на фактот да од просторот којшто го имате извлечете максимум. Значи, овде не е фокусот на тоа да имате посебна просторија од која ќе направите канцеларија, туку мудро да се снајдете со ограничениот простор којшто ви е на располагање.
View this post on Instagram
Секако, се случува луѓето да преградат одредени соби, за да направат свој терен за работа. Интересно е тоа на некому да му текне шкафот да го претвори во работен простор. Верувале или не, и тоа е возможно, како што можете да видите подолу.
View this post on Instagram
Исто така, понекогаш е доволно да се „зграби“ само еден дел од станот, на пример, ходникот и да се направи „место за работа“ или „spot to work“.
View this post on Instagram
Извор: Бизнис Телеграф
Фото: Shutterstock

