ПравдаСветот на работникот

Лекција по трудово право: Договор на дело наспроти договорот за вработување

Рубрика трудово и социјално право
Тема: Договор на дело наспроти договорот за вработување
Законот за работни односи го предвидува Договорот за вработување како единствен начин на засновање на работен однос, но секојдневно гледаме како одредени работни ангажмани се регулирани со договори кои не претставуваат договор за вработување. Имено станува збор за договорот на дело, кој што по својата форма е целосно облигационен договор.
Една од причините поради кои што се дава предност на договорот на дело е поради тоа што истиот е адаптибилен за потребите на работниот процес. Но, оваа флексибилност може да претставува нож со две острици, од една страна му овозможува на работникот да оствари некаков приход, но за да го оствари тој приход голем број од правата кои му се загарантирани со договорот за вработување се занемаруваат.
За разлика од договорот за вработување каде има низа на услови што треба да бидат исполнети за да може да се откаже договорот на работникот, договорот за дело може да биде раскинат само по желба да нарачателот, односно работодавачот без поголеми трошоци и последици.
ПОГРЕШНО е да се смета дека договорот на дело е алтернатива на договорот за вработување, договорот за вработување претставува единствениот начин на кој може да се заснова работен однос.
ПРАВИЛНО е да се смета дека договорите на дело може да се користат за наем на работна сила, но не на начин кој е определен со Законот за работните односи. Договорот за дело е врзан со делото, односно со извршувањето на делото, тој се смета за исполнет.
Проф. д-р Лазар Јовевски