За плати на вработените во АД МЕПСО 17 отсто повеќе за една година: Покачување, К-15 и нови вработувања во пандемија
АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не било пречка за платите просечно да се зголемат за 17 отсто. Ова го покажува извештајот за финансиско работење на националниот преносител на електрична енергија за минатата година. Според податоците, за плати на вработените биле издвоени за 1,165 милиони евра повеќе во однос на една година претходно.
– Бруто платите на вработените се исплатуваат согласно позитивните законски прописи, Законот за исплата на плати, важечките Колективни договори, интерните акти. Во тековната 2020 бруто платите се реализирани на износ од 493.164 илјади денари и истите се реализирани на повисоко ниво за 17 отсто споредено со вредноста на бруто платите во минатата година во износ од 421.485 илјади денари, се вели во објаснувањето што го дава АД МЕПСО таму.
Повеќе на Фактор

