Заев: Компаниите ќе можат да избираат помеѓу бескаматни кредити и субвенционирање на плати
Никогаш повеќе, ни пред ковидот, ни за време на ковидот, државата не помагала повеќе на граѓаните со директни буџетски средства. Една милијарда и сто илијади евра е помошта која е исплатена само за време на ковидот, а директните исплати само за стопанството се преку 360 милиони евра заедно со платежни картички, наменети за сиромашните граѓани, рече Премиерот Зоран Заев на денешната прес – конференција.
„Нормално јас ја разбирам и колективната депресија, тешкото низ коешто поминуваме сите, така и македонските компании. Мене ми е јасна и реакцијата кога доаѓаат ваквите критики. Се учиме од нив, се трудиме да ги подобриме и ќе продололжиме да работиме токму во тој правец, но кога и да прашате, било која компанија, може да ви каже дека никогаш повеќе, порано не се помагало, како што сега тоа се прави“, вели Заев.
Истакна дека тој процес започна уште од 2017 година, па до 2020 година, а време на ковидот и порача дека така ќе се продоложи.
Заев посочи дека петтиот пакет е при крај со димензионирање, нагласувајќи дека ги земаат во предвид предлозите на синдикатите, коморите и работодвачите и ќе донесат конечни одлуки кои, како што вели, ќе бидат сублимат на викендот, на коишто ќе работи економскиот тим во Владата, за да може да ги даде предлозите пред јавноста и да се започне подготвувањето на правни акти за нивно реализирање.
„Во делот на мерките, слушнавме од страна на трудоинтензивните дејности и на други компании дека не може баш така да ја укинеме мерката за субвенции преку плати. Колку и да сака Владата да испрати порака за излез од кризата, за еден рестарт, за еден почеток после кризата којшто треба да го зграбчиме сите и да испратиме пакети и мерки за мотивација и охрабрување, во делот на навлегување на инвестициони циклуси, со цел да се зголеми продуктивноста и профитабилноста на македонските комапнии, а со тоа и дигање на Бруто домашниот производ“, рече Заев.
Заев истакна дека компаниите ќе може опционално да изберат помеѓу бескаматните кредити и субвенциите за плати.
Бобан Илијевски

