Вести

„Занемарената“ група на работници конечно ги дочекала своите 5 минути: Нивните вештини се бараат наголемо

Подготвил: Бобан Илијевски 

Веројатно постојат неколку категории на работници на кои им се погодила работата од дома, но една посебно се истакна, а тоа се интровертните лица.

Според зборовите на еден експерт за бреднирање – „работното место го создале екстровертите, за екстровертите“, додавајќи дека концептот на отворен простор (анг. open space) е најлошата опција.

Освен што при работата од далечина, вработените ширум светот уживале во својата комоција, флексибилност, фактот дека не мораат да патуваат и да се средуваат за на работа и за состаноците, на многумина релативно лесно им паднало и тоа што не мораат да ги среќаваат своите колеги.

Затворените лица го сакале тоа што при работа до дома, никој не може да им „смета“, да приоѓа до нивната работна маса и да започне конверзација. Според пишувањето на Би – Би – Си, „овој вид на работа им пружил прилика на тивките и повлечените лица кои во канцелариите секогаш поминувале под радарот, да се истакнат“.

Од друга страна, освен шефовите (макар не сите), враќањето во канцеларија го исчекуваат сите екстроверти. Преминувањето на работа од дома се случи нагло во текот на 2020 година, а некои подобро се прилагодиле на новонастанатите услови од другите.

Покрај тоа, се промениле и потребите на клиентите, така да – интересно – вештините кои ги поседуваат интровертните лица дошле до поголем израз.

Виртуелната комуникација им понудила повеќе можности да ги споделат своите размислувања со другите, се наведува во текстот на Кејт Морган во кој заклучува и дека работата од дома им овозможила на „тивките“ вработени да ја комбинираат новата енергија со новиот начин на работа – и така повеќе да се истакнат.

Во деновите на нестабилноста, на самиот почеток од пандемијата, потребите на многу компании и нивните клиенти се промениле, а се истакнале и оние работници кои биле подготвени да им излезат во пресрет.

Клучот за успех лежи во тоа што лицата од затворен тип поседуваат способност за аналитичко размислување и емпатија, рекол Ричард Етијен, експерт за брендирање и додал дека тие вештини во текот на пандемијата биле многу барани. Ваквите лица се лојални и темелни.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock