Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово
Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, вчера во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун и 415 кутии цигари.
Од Царинската управа информираат дека службените лица при вршење на претресот во Тетово биле брутално нападнати од страна на поголема толпа луѓе, кои ѝ се познати на полицијата, и против нив ќе биде поведена соодветна пријава, пишува Весник.

