СветСиндикат

За првпат во безмалку 100 години, штрајкуваат работници на „Форд“ во Келн

Работниците во фабриките на американскиот автомобилски производител „Форд“ во германскиот град Келн најавија штрајк – прв во историјата на компанијата на оваа територија. Причината е најавата за масовни отпуштања, соопшти синдикатот ИГ Метал.

Вработените во двете фабрики, основани уште во 1930 година, планираат да го прекинат производството од среда наутро, а штрајкот ќе трае до крајот на ноќната смена во четврток наутро, јавуваат локалните медиуми.

Раководството на „Форд“ има намера да укине 2.900 работни места до 2027 година. Европското седиште на компанијата се наоѓа токму во Келн, каде моментално се вработени околу 11.500 луѓе.

Синдикатот IG Metall ја обвини управата на Ford дека работи без јасна стратегија, со што го доведува во прашање понатамошното работење на компанијата во Германија.

Откако преговорите меѓу двете страни пропаднаа, минатата недела синдикатот организираше гласање на вработените. Дури 93,5% од членовите гласаа за прекин на работата.

Иако германската подружница на „Форд“ е силно зависна од матичната компанија во САД, можностите за локално управување се ограничени. „Форд“ веќе подолго време бележи загуби на европскиот пазар, а производството на малиот модел „Фиеста“, кој се склопуваше токму во Келн, официјално заврши во 2023 година.