Вести

За само седум дена добил 20 повици за работа – Социјалната мрежа е новиот LinkedIn?

Доколку долго време барате работа, а не можете да ја најдете, можеби не ја барате на вистинското место.

Имено, според WSJ, една платформа може да е „новиот LinkedIn, а тоа е Slack. Во Македонија, малку се знае за Slack, а уште помалку луѓе го користат.

Компаниите го прифатиле Slack за да ја забрзаат комуникацијата во канцелариите, а сега работниците ја користат оваа алатка за размена на пораки, за да го забрзаат наоѓањето на работа. Оваа алатка им овозможува на тимовите и целата работна сила да „тргува“ со информации, а тоа е една од причините поради кои пораснала нејзината употреба со растот на работата на далечина, пишува Telegraf Biznis.

Slack е добро место и за независни канали, односно за луѓе кои не работат заедно, но сакаат да се поврзат. На тој начин, Кларк Барон, преку групата Cybersecurity Marketing Society на Slack која е започната во 2020 година, многу брзо пронашол работа во маркетинг.

Поднел барање за да се придружи на Slack каналот откако контактите од работа го запознале со тоа. Пред да биде „пуштен“ во групата, еден од членовите на групата се фалел со своето искуство и означил дека бара работа. Во рок од една недела откако се придружил на групата, Барон примил околу 20 барања за интервју и воведни разговори за работа.

Slack Technologies, кој е во споственост на компанијата Salesforce, вели дека не знае колку групата за вмрежување постои на платформата, но преребарувањеето пронашло канали за вмрежување за професионалци во технологијата, човечките ресурси, продажбата, регрутирањето други полиња.

Една Slack група, Blacks in Technology, проценува дека собрала околу 8,000 членови од кога започнала, пред околу седум години – вклучувајќи отприлика 3,000 во последните две години.

Многу Slack форуми вклучуваат вистински имиња на членовите и работните места, а архивата на јавните групни разговори е достапна за пребарување за сите корисници. Членовите можат приватно да испратат пораки едни на други, а кандидатите за работа се поврзуваат со менаџерите за вработување.

Фото: Profimedia