ЕкономијаМакедонијаНовости

Зголемени продажните цени на индустриските производи во претходниот месец

   Време за читање 1 минута

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари оваа година се повисоки за 0,1% на месечно ниво и 1,5% на годишно ниво. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.1 % на месечно и за 1.5 % на годишно ниво.

Во јануари 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.2 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8 %.

Во јануари 2021, во споредба со јануари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 5.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5 %, Капитални производи за 0.3% и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %.