Здружението ,,Глобал” со апел за помош и тендерска постапка по катастрофалниот пожар
Здружението ,,Глобал” од Струмица апелира за помош по катастрофалниот пожар во ГТЦ Глобал Струмица, што се случи на 02.01.2021 година.
Апелот ви го пренесуваме во целост:
Почитувани,
Во име на здружението „Глобал Обнова” – Струмица ве замолувам за ваш допринос и хуманитарен гест.
Огласите кои се во прилог на дописов да ги објавите на вашиот медиум, на место и време кое вам би ви одговарало а би допринело со најголем ефект за нас како здружение на граѓани погодени од катастрофалниот пожар во ГТЦ Глобал Струмица, кој се случи на 02.01.2021 година.
Овој ваш гест ќе го сметаме како дирекна хуманитарна помош од страна на вашиот медиум.
И во иднина јавно ќе ви заблагодаруваме на сите места каде што ќе ги истакнуваме несебичните помагатели за санација и поправка на настанатите штети од пожарот во ГТЦ Глобал.
Однапред ви благодарам и ве замолувам за потврда на реализацијата на нашето барање.
Стојан Манев
075/283-103
Воедно , Здруженијето известува дека на 13.02 2021 во 19.30 часот ќе се одржи јавно наддавање за доделување договори за изведување градежно и градежно – занаетчиски работи во опожарениот објект Глобал.
Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица, заради исполнување на целите и програмите на здружението како и со примена на начелата на фер, законитост и транспарентност, спроведува постапки пред сите заинтересирани лица и пред пошироката јавност во Република Северна Македонија за набавка со јавно наддавање, која ќе се одржи на ден 13.02.2021 година во 19:30 часот.
Со спроведување на наведената постапка ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема како и за изведување на градежно и градежно=занаетчиски работи во ГТЦ Глобал Струмица во врска со штетата предизвикана од пожарот кој се случи во ГТЦ Глобал Струмица на ден 02.01.2021 година.
Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат интерес за учество на јавниот повик да достават писмено барање на email на здружението: globalobnova@yahoo.com за запознавање со условите и заради добивање на сета потребна документација за учество на јавното наддавање, или да го контактираат Претседателот на здружението Стојан Манев: 075/283-103.


