Uncategorised

Зошто за некои компании 40 часовното работно време е „надминат“ концепт?

Голем број од компаниите се почесто размислуваат да го укинат 40 – часовното работно време. Како дошло до тоа?

Дали некогаш сте се запрашале зошто работиме осум часа дневно, пет дена во неделата? Или зошто ги вчитуваме нашите картици од 9 до 17 часот?

Се започнало од индустриската револуција, односно од преоѓањето на новите производни процеси.

Пандемијата го сменила аголот на размислување

Со промената на работните ангажмани и обврските во текот на пандемијата, претпријатијата се повеќе размислуваат како да ги прераспоредат своите обврски и да ја сменат организацијата и начинот на работа, пишуваат странските портали.

Првенствено, фабричките работници работеле шест дена во неделата и 70 часовната работна недела била невообичаена појава.

Во текот на 1920 -тите, Хенри Форд го применил осумчасовниот работен ден со три смени за да своите фабрики ги води деноноќно.

Потоа, за време на „Големата депресија“, владата ја користела 40 часовната работна недела како средство за решавање на невработеноста. Ова останало на сила 80 години и денес се доведува во прашање.

Околностите се сменети

„Така, 40 часовната работна недела била базирана на една личност, машка, која работи за плата и ја носи дома на своето семејство“, вели Стефани Болстер Мекенон, организациски психолог и велнес тренер.

Тоа е, додава, архаичен систем бидејќи сега најголемиот дел од домаќинствата имаат двостран приход, односно барем двајца работат осум или повеќе часа.

 

Posao, kancelarija

Фото: Pixabay

Потоа доаѓа дома и повторно работи, грижејќи се за домот и семејството. Тоа повеќе не е осумчасовен работен ден, особено за жените во нашето друштво кои често преземаат поголем дел од домашните и семејните обврски, вели Стефани.

Со промената на работните ангажмани во текот на пандемијата, компаниите од поблиску ги согледуваат своите правила и праксата, а работната недела е една од нив.

И владите ја бараат, па во Сојузната држава Калифорнија во процедура е нов закон со кој официјалната работна недела би бил 32 часа за компаниите со 500 или повеќ вработени.

„Согорувањето“ како голем проблем

Во текот на пандемијата, „согорувањето“ станало голем проблем, бидејќи работата и семејните обврски започнале да се преплетуваат.

Наместо да имаат граница за местото каде завршува работата и започнува живтото дома, луѓето и од дома продолжувале да работат на проекти и да испраќаат мејлови и дополнително да работат во текот на целиот ден – практично, во секој период од денот и ноќта.

„Го проширивме она што науката вели дека е добро за човечкото тело од 40 часа за физичка работа“, вели Болстер Меккенон.

Зошто компаниите ја преиспитуваат 40 часовната работна недела?

Втората причина поради која компаниите преиспитуваат 40 часовната работна недела е вработувањето.

„Борбата за таленти е многу конкурентна“, вели Брајан Кроп, шеф на истражување на одделот за човечки ресурси во Гартнер.

„Компаниите се уморни од тоа да им плаќаат на луѓето 20 % повеќе пари за да дојдат во нивната компанија, за да само после шест месеци заминат некаде на друго место за 20 % повеќе.

Тие повторно размислуваат за 40 часовна недела и велат: „Нема да ви платиме повеќе, но ќе работите помалку“. Тоа е начин за да ги привлечат талентите.

Многумина тврдат дека компаниите имаат опции кога е во прашање дизајнирањето на пократка работна недела.

На пример, тоа може да биде четридневна работна недела или секој втор слободен петок.

Меѓутоа, нивното прашање е следното: ако луѓето работат 20 % помалку, дали тоа значи дека се и 20 % помалку продуктивни?

„Намалувањето на времето не е еднакво на намалувањето на резултатот кој е појавува додека организациите експериментираат со овие видови на различни пристапи. Некои од истите студии покажуваат дека малку е веројатно дека ќе се откажат“, вели Кроп.

Извор: BIZlife

Фото: Pixabay

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.