ПравдаСветот на работникот

Изгласан Законот за недела неработен ден – од 1 јануари стапува на сила

Со 62 гласа ЗА и ниту еден против, денеска во Собранието на Р. Македонија беше изгласано законското решение за недела како неработен ден, објави Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на својата фејсбук страна. 
 
„Недела неработен ден станува реалност.
👉Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците.
👉Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците.
✊Пратениците со 62 гласа ЗА и нуту еден против, го поддржаа ова законско решение кое овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.
👉Работниците кои ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена“, напиша Шахпаска.