МакедонијаСветот на работникот

Иста работа, различна плата: Женскиот труд во Македонија е за 14% помалку платен од машкиот

Исто ниво на образование, иста работна позиција, а платите се различни. Правилото е непишано, но функционира насекаде, мажите се подобро платени од жените. Денес е 18 септември – Меѓународен ден на еднаква плата. Ден кога во светот се констатираат разликите присутни и на ова поле. Во меѓувреме, поголеми промени не се случуваат.

Разликата во машко-женските плати кај нас е речиси 14 проценти. Податоците датираат од 2022 година, а се застапени во публикацијата на Државниот завод за статистика – „Жените и мажите во Северна Македонија, 2025“. Оттука и потврдата дека македонските жени и натаму се соочуваат со значителен родов јаз во платите и на пазарот на трудот, и покрај тоа што се подоминантни по бројноста во вкупното население. Според податоците од последниот попис, во земјава има 922.015 жени и 905.801 мажи, во сооднос 50,4 : 49,6 проценти.

Повеќе тука