Вести

Перфекционизмот предизвикува стрес: Како да се ослободите од желбата се да биде совршено?

Перфекционизмот, односно совршенството може да изгледа како благородна особина, но може да направи поголема штета отколку корист ако сте опседнати со неа.

Еден уметник се борел со перфекционизмот. Објаснил дека многу години работи во своето ателје, каде создава склуптури и слики. Ретко кога им дозволувал на другите да ги видат неговите дела, но секогаш кога ќе ги виделе биле воодушевени од нив. Сепак, тој одбил да ги сподели јавно.

Не е совршено! Ако нешто не е совршено тогаш не можам да му дозволам на светот да го види, велел тој.

Поради тоа има страшна анксиозност, проблеми со спиењето, главоболки, болки во грбот, опсесивни мисли и бес. Во еден момент земал чекан и ја уништил склуптурата на која работел повеќе од шест месеци. Неговата борба ги илустрира разорните ефекти кои произлегуваат од перфекционизмот.

Стрес

Тежнењето кон кон совршенство создава огромен психички притисок кој може да предизвика психоматски симптоми како што се хроничниот замор и анксиозност.

Одолговлекување

Роковите доаѓаат и заминуваат, никогаш ништо не е доволно добро. Не успевате да ги завршите проектите и често не сте задоволни од вашата работа. На крајот, ако незадоволството стане недофатливо, можете потполно да се откажете од вашите напори.

Разочарување

Вашата самодоверба прима голем удар поради големиот број незавршени задачи и критични мисли. Ретко доживувате наплив на задоволство и гордост кои поттикнуваат почит која доаѓа со добро завршената работа. Хроничната самокритичност поттикнува анксиозност и безнадежност.

Се споредувате со друите и очајувате

Негативно се споредувате со другите. Во вашиот ум, вие сте секогаш странец или аутсајдер кој никогаш не е признат. Жедни сте за пофалби и внимание, но сепак останувате во сенка.

Помала креативност

Тешко е, па и невозможно, да се биде кративен во непријателско опкружување – особено ако главниот извор на негативност потекнува од внатрешните критичари. Со текот на времето креативноста се избегнува, бидејќи нема никакви награди на повидок и е премногу болно.

Недостиг на амбиции

Завршените задачи и достигнувања потикнувааат амбиции, страст и инспирација. Зза жал, перфекционизмот го уништува патот до нив.

Осолободување од перфекционизмот

Суштината на перфекционизмот е илузијата дека ништо не чини ако не е совршено. Испробајте ги овие едноставни чекори за да се ослободите од перфекционизмот и илузиите дека совршеноста е вашата единствена цел, пишува Psychologytoday.

Исклучете се: Консумирањето на медиуми може да ви ги исполни мислите со нереални очекувања за тоа како би требало да изгледате, колку би требало да бидете богати и каде би требало да живеете. Зборовите „би требало“ негативно влијаат врз слика за телото, расположението и интегритетот.

Цврсто држете се до роковите: Прескокнувањето на роковите може да има разорен ефект врз вас. Кога ќе поставите реален рок, потрудете се да го исполните.

Наградете се себеси: Само напред, прославете ги вашите победи и почастете се со нешто посебно.

Прифатете ја несовршеноста: Грешките се секогаш подобри од нашите првобитни намери. Дајте си на себеси флексибилност и слобода да истражувате без целта да ви биде совршеноста.

Читајте биографии: Многу биографии зборуваат за многу успшени луѓе кои со години доживувале критики и неуспеси.

Заклучок: Грешките и неуспесите се дел од процесот.

Извор: BIZlife.rs