Како до повисока плата?!
Прво и основно заслужете ја и побарајте си ја. Инаку многу тешко да добиете покачување. Не за друго, ретко кој од директорите го гледа успехот онака како што вие го гледате. Е во тој случај борете се. Доколку им верувате на своите квалитети, тогаш ќе пукате од самодоверба и ќе го направите она што треба да имате поголеми примања.
Експерите велат дека доколку се придржувате до овие правила, ќе ја добиете саканата нонуда од работодавецот.
1.Не ја прифаќајте првата понуда веднаш.
2. Имајте на ум дека можете да договорите повеќе од зголемувањата, како што се разните бонуси или уделот во акциите на компанијата. Не ги занемарувајте таквите ставки.
3. Работете со вашиот работодавец. Личноста која ве вработила е ваш пријател и очигледно гледа дека имате потенцијал. Подгответе ги аргументите кои го поддржуваат вашето барање, истакнете ги своите постигнувања, вештини и икуството со цел да го оправдате она што го барате.
4. Усовршете ја презентацијата. Вежбајте пред огледало, а можат да ви помогнат и вашите пријатели.
5. По барањето на зголемување, дајте му рок на работодавецот до кој тој мора да ви даде одговор. Не очекувајте одговор на лице место.
6. Не споменувајте износ. Нека вашиот работодавец биде тој кој ќе предложи колкаво зголемување можете да добиете. Потоа преговарајте со цел да се обидете да добиете повеќе, но немојте да бидете нереални.
7. Бидете строго деловни. Изливите на емоции не се за на деловните состаноци.
8. Подгответе против-понуда.
9. Запомнете дека преговорите се процес во кој ви се важни две работи: колку вредите и колку се желни да ве платат.
10. Истражете и соберете ги сите потребни податоци пред почетокот на преговорите. Распрашајте се колку останатите вработени заработуваат, колку заработуваат вработените во другите компании кои се на вашето работно место.

