Ковид-19 наметна доставување на производи до дома –но, кој ја плаќа цената на твојата нарачка?
Ковид-19 наметна доставување на производи до дома –но, кој ја плаќа цената на твојата нарачка?
Пандемијата со Ковид 19 смени многу повеќе работи од бројот на доставувачи и бројот на часови кои тие можат да ги работат кога станува збор за доставувањето нарачки до домовите, најчесто прехрамбени продукти или пак готова храна.
Информациите за потешкотиите кои ги снајдоа овој тип на работници се широко познати. Особено кога станува збор за почитување на упатствата за физичко дистанцирање.
По својата природа, работата за испорака бара висок степен на човечки контакт: размена на храна, чекање рамо до рамо со други возачи додека се подготвува храната, разговор со и стоење во близина на работниците во ресторанот и споделување простор со работниците во супермаркетите и купувачите.
Во Велика Британија на пример, според извештај од Фондацијата „Феарворк“ (Fairwork) со седиште во Оксфорд, овие работници доживеале пад на нивните примања во просек за две третини, оставајќи многумина без можност да ги покријат потребните трошоци и покрај нивната подготвеност за работа. Тие немаат контрола врз намалувањето: нивните часови се фиксни со алгоритам. Понатаму, бројот на доставувачи е двојно зголемен од почетокот на пандемијата, бидејќи препораките за престој дома ја зголемија побарувачката за нарачки за намирници преку Интернет и за готова храна од рестораните, додека во исто време многу порано вработени луѓе ја изгубија својата работа и се свртеа кон оваа форма на работа. Неспорно е дека овој тренд веднаш стана актуелен и во Македонија.
Меѓутоа, еден ваков работник и тоа со полно работно време не заработува приход што гарантира пристоен животен стандард, а камоли да заштеди некој износ за финансиска сигурност. Банките одбиваат да даваат заеми врз основа на такво привремено, променливо вработување, па купувањето дом или автомобил претставуваат невозможни, далечни соништа. Затоа, доставувачите се принудени да живеат на некој начин „во мирување“ сè додека не им стане достапна постабилна форма на вработување што гарантира безбеден извор на приход. И дефинитвно претставуваат едни од најзагрозените категории на вработени кои остануваат далеку од окото на соодветните институции.

