Останато

Кога дете стекнува право на користење на семејна пензија?

Дете корисник на семејна пензија
Детето стекнува право на користење на семејна пензија до наполнети 15 години живот, а ако е на школување до наполнети 26 години живот како и во случај ако пред смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија кој го издржувал било неспособно за работа или таквата неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на осигуреникот.
Во ситуација кога школувањето на детето ќе биде прекинато поради болест, правото на семејна пензија може да се стекне, односно му припаѓа и за време на боледувањето до наполнети 26 години живот, како и над тие години, но најмногу за толку време колку што е изгубено од редовното школување поради болест.
Доколку во текот на користењето на правото на семејната пензија детето стане неспособно за работа трајно ќе го задржи правото на семејна пензија. Во овој контекст детето – инвалид има право на семејна пензија по престанокот на работниот однос.
Правото на семејна пензија може да стекне и вдовица кога детето на осигуреникот, односно корисникот на пензија е родено по неговата смрт со тоа што семејната пензија и припаѓа од денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија. Правото на семејна пензија го стекнува и вдовицата кај која постоела бременост на денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија со тоа што семејната пензија до раѓањето на детето се определува за еден член на семејството. Ако детето е мртвородено или ако умре пред навршувањето на 45 дена живот, на вдовицата и припаѓа семејна пензија до истекот на 45 дена по породувањето.
Тимот на Јуридика
 
 

Фото: Freepik