ЕкономијаМакедонија

Сè што треба да знаете за правото на семејна пензија во Македонија

Семејна пензија им припаѓа првенствено на брачниот другар и децата на починатиот осигуреник или пензионер, а право може да имаат и родители, посвоители и други зависни членови ако нема потесно семејство. Вдовецот/вдовицата може да добие семејна пензија ако има наполнето 50 години или ако има деца под негова грижа. Децата имаат право на семејна пензија до 15 години, или до 26 години ако се школуваат, а ако се работно неспособни – имаат трајно право.

За да се добие семејна пензија, починатиот мора да има најмалку 5 години осигурителен стаж или 10 години пензиски стаж, или да бил корисник на пензија. Ако смртта е последица од повреда на работа или професионална болест, стажот не се зема предвид. Висината на пензијата зависи од стажот на осигуреникот и бројот на членови – се започнува од 70% за еден член, со дополнителни 10% за секој следен, до максимум 100%.

За поднесување барање за семејна пензија потребни се документи како работна книшка, изводи од матичните книги, доказ за школување на децата, медицинска документација за неспособност, доказ за брак или издржување. Ако осигуреникот нема најмалку 15 години стаж, пензијата се пресметува како да ги има. Постапката започнува по барање од член на семејството.

Извор: Кариера