МакедонијаСветот на работникот

ВО ЗЕМЈАВА ИМА 10.615 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА Најмногу работници бараат трговијата и услужните дејности

Вкупно 10.615 работни места во последниот квартал лани биле  слободни или 2,14% од вкупниот број работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем број слободни работни места, 2.387, прикажале услужните дејности и трговијата.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,39% има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што се слободни 847 работни места.

Најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 % или само 7 слободни работни места.

Во преработувачката индустрија  слободни се 2.482 работни места.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 %.

Број на пополнети работни местаБрој на слободни работни местаСтапка на слободни работни места (%)
Вкупно484 38510 6152.14
Рударство и вадење на камен3 966531.31
Преработувачка индустрија102 8062 4822.36
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација7 90870.09
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината9 759760.77
Градежништво25 6826982.65
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли76 6092 2642.87
Транспорт и складирање26 0255782.17
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна18 4588474.39
Информации и комуникации20 8144372.06
Финансиски дејности и дејности на осигурување11 595990.85
Дејности во врска со недвижен имот2 137130.59
Стручни, научни и технички дејности17 7022531.41
Административни и помошни услужни дејности23 1431 0054.16
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување44 0012750.62
Образование38 7647201.82
Дејности на здравствена и социјална заштита37 9473740.98
Уметност, забава и рекреација13 5224112.95
Други услужни дејности3 546220.62