(ВИДЕО) Работниците на МЖ транспорт успешно сервисираа патнички вагон – наскоро ќе биде во сообраќај
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски синоќа на Фејсбук објави видео од сервисирањето на патнички вагон во работилниците на МЖ транспорт, со порака дека денот го завршуваат со една убава вест.
Убавата вест која Николоски ја сподели е дека вредните работници од Македонски Железници Транспорт успешно сервисирале патнички вагон од серијата Bm и овој вагон наскоро ќе биде во сообраќај.
Вагонот има 11 купеа и вкупен капацитет од 66 седишта, а неговата максималната брзина е 160 километри на час, а најчеста дестинација ќе биде Велес и Гевгелија.
„Продолжуваме домаќински да работиме во интерес на граѓаните и подобрување на капацитетите на македонските железници“, порача вицепремиерот Николоски.

