„Кога имате синдикат со респект, недоразбирањата се надиминуваат експресно“
„Кога имате синдикат со респект, недоразбирањата експресно се надминуваат.
Платите во образованието ќе се подготвуваат како и до сега, во согласност со Колективните договори за основно и средно образование, со сите додатоци на плата кои му следуваат на работникот- потврдено од министерство за финансии“, напиша Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на својот Фесјбук профил.
Тој пред еден час објави:
СОНК постапува по добиеното писмо од министерството за финансии, стасано во училиштата по електронски пат.
Ги уверувам сите вработени во образованието дека и понатаму ќе се исплаќаат сите додатоци на плата во согласност важечките Колективни договори.
Замолувам за трпение, до следните информации.

